Министерката за здравство во Квинсленд, Ивет Дат доживеала непријатна ситуација додека држела конференција за новинарите кога забележала дека на нејзиното тело се појавил огромен пајак.
Додека зборувала што треба работодавците да направат за да ги почитуваат правилата во врска со вакцините, во еден момент застанала и со исплашен глас рекла: “Може ли некој од вас да ми го тргне пајакот, ве молам?”.
Нејзиниот соработник брзо ги земал документите со кои го тргнал пајакот од шефицата.
“Ова покажува дека можам да се исконтролирам”, рекла министерката иако по изразот на лицето се гледало дека не ѝ било сеедно поради целата ситуација.
Додека соработникот се обидувал да го тргне пајакот, таа продолжила да зборува.
“Не ги сакам овие пајаци, но ќе продолжам. Ако се приближи до моето лице, кажете ми”, рекла таа.