Милојко Божиќ (74) и Милијана Богдановиќ (21) овие денови се најпознат пар во Пожега. Разликата во години од дури пет децении нималку не им смета, иако, кога Милијана се родила Милојко веќе бил пензионер. Тој ја побарал за жена во почетокот на март, а свадбата е закажана за 7.септември.
Според социјалните мрежи, среќниот пар планира својот брачен живот да го помине во куќата на младоженецот во селот Пилатовиќ, во близината на Пожега.
Инаку, Милојко работел во Белград, а по заминувањето во пензија се вратил во родното село, каде што му се случила, сосема неочекувано, љубовта со преубавата Милијана.