Може да станете сопственик на едно минијатурно село – чини колку три стана во Белград (ФОТО)

by Тони Зографски

Звучи како сцена од бајките, но целосно е реално, за околу 830.000 евра, може да станете сопственик на цело село.

Станува збор за макета, но не било каква: тоа е минијатурна детална верзија на шармантно рибарско место Полперо, сместено на јужното крајбрежје Корнвол кое важи за едно од најубавите села во Англија.

Макетата на селото направена е во 1950 година, во размер од 1:24 и од тогаш претставува верна реплика на реалното Полперо, со пристаниште за бродови, плажа, црква, десеттина куќички, продавнички и дури една мини-верзија на самото село во село.

По „каналите“ на селото пловат макети на едрилици, а меѓу камените куќички и брдовити предели се наоѓаат и фигури на локалните жители.

Оваа необична туристичка атракција со години привлекува посетители, а сега првпат после долго време се нашла и на продажба. Во рамките на понудата се наоѓа и трисобен стан со просторна кујна, два тоалети и дневна соба, како и тераса со поглед на модел-село, совршена за уживање во текот на летните месеци.

Посебен дел од понудата е и „земјата на легендите“, простор инспириран од локалните преданија за гусарите и шверцерите од 19 век, како и детално изработена железница во мало.

Влезниците за оваа атракција моментално чинат околу 5 евра за возрасни, 3,5 евра за деца и 4 евра за постарите посетители.

Значи, во тие 830.000 евра добивате:

– целата минијатурна верзија на селото (макета со пристаниште, куќички, железница итн.);
– простор за посетителите (изложбениот дел);
– дополнителни работи за легендите и локалниот фолклор;
– трисобен стан со кујна, дневна соба и тераса којшто е споен со атракцијата и предвиден за престој на сопственикот.

Агенцијата за недвижнини која ја води продажбата навела:

„Дали некогаш сте сонувале да поседувате цело село? Па, сега можете затоа што Модел Вилиџ во Полперо првпат после многу години повторно е на пазарот. Оваа прекрасна макета ги воодушевува посетителите еднакво, со децении“.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com