Принцот Вилијам ја прими првата доза на вакцина за коронавирус. Тој беше вакциниран во центарот за вакцинација во Музејот на наука во Лондон.
„Во вторникот ја примив првата доза на вакцина против ковид-19. На сите што работат на процесот на вакцинација – благодарам за сè што сте направиле и продолжете да го правите тоа“, напиша војводата од Кембриџ утрово на Твитер.
Палатата не соопшти која вакцина ја примил Вилијам, но објасни е дека тој ќе може да избере помеѓу „Фајзер“ и „АстраЗенека“ бидејќи има помалку од 40 години.
Принцот се разболел со ковид-19 минатиот април, приближно во исто време со неговиот татко, престолонаследникот Чарлс, иако веста се чувала во тајност до ноември.
И други членови на кралското семејство претходно објавија дека ги примиле вакцините, вклучувајќи ги принцот Чарлс и кралицата Елизабета, кои рекле дека вакцинацијата е многу брза и безболна и ја повикале јавноста да го следи нивниот пример.