Мехмет Оз, ширум светот познат како доктор Оз, открива што е најдоброто што можете да го направите за своето ментално здравје – и тоа потполно бесплатно.
“Најдоброто што можете да го направите за вашата психа да остане здрава е да преземете иницијатива. Не бидете пасивен играч во приказната на некој друг. Бидете главниот лик во својата приказна. Одлучете што сакате да направите и направете го тоа. Тоа не значи дека треба да бидете агресивни и непристојни, туку само да преземете контрола над својата судбина”, советува д-р Оз.
Познатиот доктор верува дека можете да научите како да ја контролирате судбината низ неколку едноставни навики. Тие навики можат да бидат нешто како станување во истовреме наутро и заминување во кревет во одреден период навечер. Таквата навика има неверојатен позитивен ефект врз менталното здравје на личноста.
Тој посочува дека, на пример, недоволното спиење е најпотценуван проблем, особено кај младите.
“Ако спиењето беше непотребно, еволуцијата целосно ќе ја отстрани таа потреба. Ние спиеме затоа што мора да спиеме. Спиењето го чисти нашиот ум. За време на спиењето, мозочните клетки буквално се намалуваат, дозволувајќи им на каналите меѓу нив да се расчистат од токсините акумулирани во текот на денот ицелиот мозок се рестартира “, објаснува д-р Оз.
Советот што д-р Оз им го дава на своите деца
Познатиот доктор не советува да не им даваме на децата да работат напорно, туку да го прават она што го прават мудро. И сето тоа започнува со сон. Меѓу корисните навики, тој ја наведува и медитацијата, здравата исхрана и да се обидеме, работите кои немаат никакво влијание врз нашиот живот, да не допираат до нас.
“Наместо да правите работи што немаат каква било креативност или уште полошо, кои не го присилуваат вашиот мозок целосно да се вклучи, подобро бавете се со некое креативно хоби. Треба да спиете и да медитирате, тоа е мојот совет за сите вас.
„Здрава храна која го стимулира мозокот и ги избегнува токсините. Јас не мислам само на лошата храна, туку и на токсичните работи и активности што ве одвлекуваат од она што е навистина важно за вас и кон она што се стремите“, заклучува д-р Оз.