Родителството комплетно нè менува како личности. Доаѓањето на децата нè поттикнува да бидеме најдобрата верзија од себеси за да им го покажеме најдобриот пат во животот.
Во ново интервју, Бредли Купер изјави дека можеби денес немаше да е жив доколку не се родеше неговата ќеркичка Леа. Славниот актер алудираше на неговата претходна борба со зависноста. Тој не крие дека сега од детето му зависи сè што прави во животот.
„Искрено не сум сигурен дали ќе бев жив доколку не бев татко. Не знам што ќе се случеше. Не сум сигурен“ – изјави тој и дополни дека родителството го смета како котва, која му беше „фрлена“ за да го забави неговиот брод.
„Доаѓа цунами и ти треба котва за да ја фрлиш. Бидејќи токму ова ќе ти диктира сè што ќе правиш отсега натаму. Твојата ДНК ќе ти кажува дека има нешто поважно од тебе“ – дополнил Купер.
Бредли и 6-годишното девојче беа фотографирани во Њујорк.
„Како татко, во потрага сум по најмалата штета што можам да ѝ ја направам на ќерка ми“ – признал холивудскиот актер. Тој не крие дека имал лоша врска со неговиот татко и дека минувал многу малку време со него.
Бредли отворено признал дека токму поради тоа во почетокот не ги разбирал родителите кои велат дека би умреле за своите деца, но по неколку месеци сфатил точно за што му зборувале.
„Во првите осум месеци не знаев ни дали навистина го сакам детето. Бев фасциниран од неа. Сакав да се грижам за неа. Но, дали би умрел за неа ако некој ми впереше пиштол? И одеднаш, тоа веќе не беше прашање“ – рекол тој.