Директорот на Институтот за биохемија во Франкфурт, хрватскиот научник Иван Џикиќ, со својот тим ја откри потенцијалната слаба точка на коронавирусот, која би овозможила двојна тераписка стратегија – запирање на ширењето на вирусот и засилување на имунолошкиот одговор на вирусот.
– Таков концепт и таква нова идеја никој не тестирал. Ние сме први кои имаме можен лек кој двојно ќе делува и на вирусот и на стимулирање на имунолошкиот одговор, рекол Џикиќ.
Тој додал дека тоа откритие е голем чекор спрема пронаоѓање на лекот, бидејќи како што вели тој, не можеме да успееме во лечење на Ковид-19, ако не знаеме ништо за него.
Досега во лечење на тешко заболените пациенти биле користени лекови произведени за лечење на други болести, но, истакнува Џикиќ, не постои ниту еден лек кој покажа ефикасност кај критичките клинички испитувања.
– Ова е сега шанса прв пат да создадеме нешто што е уникатно и фокусирани на вирусниот ензим и на тие темели можеме да создадеме ефикасен и специфичен лек за овој вид на вирусот, истакнал Џикиќ.
Следниот чекор е што побрзо да ги префрлат овие основни информации во квалитетно истражување на клиника. Џикиќ истакнал дека во Њујорк веќе се води еден клинички експеримент во кој се обидува да се уништи тој вирусен ензим кои тие го откриле.
Ако тој лек делува на нивниот ензим, тогаш тоа се две големи откритија, нагласил тој. Во спротивно, истражувањата ќе продолжат за шест до 12 месеци да може да добијат потполно нов лек.
– Иако можеби ни треба подолго, за во иднина тоа ќе биде огромна предност. Не само за овој вирус, туку и за другите вируси, нагласил Џикиќ.