Луѓето со генетска мутација што ја зголемува тенденцијата кон деменција, исто така, имаат зголемен ризик од посериозни и потешки симптоми на ковид-19, според студијата објавена во „The Guardian“.
Неодамнешното истражување сугерира дека генетиката може да игра важна улога и да биде причина зошто ковид различно влијае на луѓето. Докажано е дека голем број смртни случаи од коронавирусот во Англија и Велс, исто така, биле дијагностицирани со деменција.
-Не станува збор само за старите луѓе. Деменцијата е специфична генска мутација која предизвикува поголема подложност на овој вирус, изјави Дејвид Мелцер, раководител на истражувања и професор по епидемиологија.
За време на истражувањето, биле собрани генетски и здравствени податоци од 500.000 волонтери на возраст од 48 до 86 години.
Студијата се фокусираше на генот Аполипропротеин Е, кој е одговорен за разложување на протеините и пренесување маснотии во организмот. Една варијанта на овој ген „е4“ влијае на нивото на холестерол, воспаление, срцеви заболувања и деменција.
Истражувачите откриле дека 9.022 од скоро 383.000 тестирани волонтери, кои ги доставиле своите откритија до британската Биобанк, имаат варијанти на генот „е4“ во генетскиот код, додека варијанта на „е3“ е пронајдена во 223.000 наоди, што претставува четирипати поголем ризик од деменција. во однос на „е4“.
После тоа, истражувачкиот тим ги разгледа тестовите за ковид-19, направени од 16 март до 26 април.
Резултатите откриваат дека кај лица кои биле позитивни на ковид, 37 од нив имале „е4“ варијанти на генот „АпоЕ“, а 401 лица имале варијанта „е3“. Имајќи ги предвид различните фактори, како што се возраста и полот, истражувачкиот тим заклучи дека луѓето со варијанта „е4“ имаат повеќе од двапати поголем ризик од сериозни последици од коронавирус, споредено со оние со варијантата „е3“ во генетската содржина.
Професорот Тара Спирс-Џонс, експерт за невродегенеративни заболувања на Универзитетот во Единбург, кој не работеше на истражувањето, рече дека голем број наоди во Биобанк покажале врска помеѓу генетските варијанти на АПО и ковид-19, но дека студијата не може да докаже дека генетски предиспозиција всушност предизвикува посилни симптоми.
-Можно е гените на ApoE да играат важна улога во имунолошкиот систем и идните истражувања ќе можат да го искористат тоа за да развијат ефективни третмани, рече таа.
Дејвид Куртис, професор во генетичкиот институт UCL, беше критичен за истражувањето, велејќи:
-Се плашам дека оваа студија не ме убеди дека навистина „е4“ генетската варијанта на генот АПЕ е независен фактор на ризик за сериозни симптоми на ковида. Потребно е подетално истражување, каде што деменцијата може да се тестира одделно од другите здравствени состојби погодени од оваа генетска варијанта.