Американската актерка и модел Ана Лин Мекорд, која е најпозната по улогата на Наоми Кларк во ТВ серијата „Нови деца од Беверли Хилс, 90210“, призна дека во минатото била зависна од секс, а нејзините фетиши биле врзување и играње улоги. Таа додаде дека кон своето тело се однесувала „како бордел“.
Во подкастот „Храбро на патот со д-р Флеч“ таа признала дека била наклонета кон садо-мазо односите, а нејзиниот нов партнер Дени Циприани, славен британски рагбист, исто така бил зависник од секс.
Во април оваа година таа објави дека е во врска со рагбистот Дени и деака токму поради него, му го сврте грбот на промискуитетниот начин на живот и ја прифати медитацијата и духовноста.
Им велев на луѓето: „Да, вашето тело е храм, а моето тело е бордел и никој не можеше да ме следи“, рекла атрактивната русокоса.
Некогаш,и самиот британски рагбист признал дека спиел со три жени во еден ден и дека му требаат сексуални односи „како што на алкохоличар му треба пијалок“.
Инаку, на врвот на својата слава, Ана Лин го запознала актерот Доминик Персел, со кого се забавувала од 2014 до 2020 година, а со кого ја запознала и неверојатната, зависничка страна на сексуалните односи.
36-годишната девојка признала дека дури тогаш сфатила колку сексот може да биде неверојатен и дека била изненадена од либидото на Доминик. Од тој момент таа станала зависна од секс.
„Не се дрогирав ниту пиев алкохол, само ми требаше секс, тоа беше како јама без дно. Бев ненаситна“, признала таа.
Нејзината зависност отишла дотаму што во нејзината куќа во Лос Анџелес имала дури и специјален челичен кревет направен за врзување кој се наоѓал во еден вид на „секс-затвор“, а потоа се осврна на стаствената врска со неименуваниот актер.
„Бев врзана за креветот во занданата и свртена кон ѕидот, а тој беше зад мене. Тој премногу убав човек, бев толку слободна со него“, се сеќава таа. Тој на крајот раскинал со неа и ѝ рекол дека ќе биде на црната листа доколку продолжат да се гледаат. Набрзо дознала дека во текот на таа едногодишна врска тој редовно бил во контакт со други жени, но таа била подготвена да му прости.
„Сакав да бидам со него. Имавме неверојатна врска цела година. Тоа беше најдобрата година во мојот живот. Потоа дознав дека тој постојано е во контакт со други жени. Но, не сакав да ја изгубам сета таа радост и среќа само затоа што научив нови информации на моите пријатели им реков дека повеќе не верувам во моногамија“, рече таа.
Но, сето тоа сега е зад неа, а во последните две години таа го промени својот живот од корен. Денес таа ужива во среќната љубов со Дени Ципријани. Иако се познаваа десет години, почнаа да се забавуваат дури на почетокот на оваа година откако по две годдини брак се разведе од сопругата, 43-годишната Викторија Роза, која се занимава со кампања за менталното здравје.
Ана Лин верува дека растењето во приколка каде што ја одгледал нејзиниот татко, христијански свештеник, влијаело на нејзините односи како возрасна. На 16-годишна возраст го напуштила домот на нејзините родители за да работи како модел во Мајами, а потоа се преселила во Лос Анџелес, каде што почнала да ги добива своите први актерски улоги.