Како да останете во чекор со Амал Клуни кога станува збор за стилот? Мора да се признае дека на познатите дами не им е лесно, а сопругата на Џорџ Клуни решила ова лето да ја покаже сета сила на своите модни вештини.
Амал и Џорџ Клуни традиционално летуваат покрај езерото Комо во Италија. Деновиве често се забележани од папараците – во преден план е одличниот стил на г-ѓа Клуни, но и неговото лице кое зрачи со среќа.
Познатиот актер од самиот почеток на врската со позната адвокатка, а особено по нивната венчавка во 2016 година во Венеција, се труди да биде максимално стилски за да ѝ парира на сопругата, иако не му се непознати сосема лежерните модни изданија. Во Италија ја придружува Амал во многу елегантни одела.
Но, да се навратиме на стилот на Амал. Со оглед на нејзините претходни аутфити од Италија, заклучокот е дека нејзиниот моден избор за ова лето се мини фустаните. Овојпат облекла модел во ретро стил, украсен со пердуви и уште еднаш покажа дека правилото „облека и чанта во иста боја“ не е нејзин моден стил.
Славната двојка ги земала и своите деца, близнаците Ела и Александар на патување во Италија, а во шармот на оваа европска земја ужива и сестрата на актерот Аделија Клуни, која можете да ја видите во многу интересен фустан со животински принт.
Не така одамна се пишуваше дека славниот брат не е во добри односи со својата сестра, а коментари за нејзиниот изглед можеа да се слушнат и од оние кои се прашуваа зошто Аделија не е дотерана. Сепак, тоа е чиста глупост.