Холивудската актерка Кејт Хадсон ни покажа како да изгледаме шик и во ски комбинезон за секој вид на забава на снег.
Во неделата актерката присуствувала на St. Regis World Snow Polo финалето во Аспен во Колорадо, а била облечена во црно ски одело од брендот „Balmain“.
Комбинезонот ѝ бил припиен за телото, па ја прател витката силуета, особено истакнувајќи го струкот со ремен. Кејт комбинезонот го носела раскопчан до градите, дополнително нагласувајќи го сензуалниот момент на целиот стајлинг.
Изгледот го заокружила со златен накит, како и авијатичарски очила.