Новите податоци од големото испитување на американскиот производител „Moderna“ на својата вакцина против коронавирусот, покажуваат дека заштитата од Covid-19 се намалува со текот на времето, а компанијата тврди дека тоа е аргумент во приолог на давањето на третата „бустер“ доза, објавено е во четвртокот.
„Ова е само една процена, но веруваме дека тоа значи дека со доаѓањето на есента и зимата можеме да очекуваме дека проценетиот резултат на слабеењето на имунитетот ќе бидат 600.000 дополнителни случаи Covid-19“, изјавил челникот на „Moderna“, Стивен Хог на конференцискиот линк со инвеститорите.
Хог не ја изнесол процената колку во таа бројка би биле тешки форми на коронавирусната болест, но рекол дека ќе има хоспитализирани.
Овие податоци се многу поразлични отколку неколкуте претходни студии кои покажуваа дека заштитата преку вакцината на „Moderna“ трае подолго отколку од вакцината на „Pfizer/BioNTech“, којашто исто така е направена на новата технологија на ткн „информативна“ ДНК (mRNK).
Новата анализа покажува дека постои поголема стапка на коронаинфекции кај поединци вакцинирани пред околу 13 месеци, отколку кај лицата вакцинирани пред околу 8 месеци. Студијата, којашто сѐ уште не е стручно рецензирана, е спроведена во јули и август кога делта варијантата на коронавирусот беше веќе доминантна.
Од „Moderna“ на 1-ви септември до американската Агенција за храна и лекови (FDA) го поднесоа барањето за авторизација на дополнителната трета или ткн „бустер“ доза од вакцината.
Хог рекол и дека податоците од студијата за „бустер“ дозата покажуваат дека таа би можела да ги зголеми неутрализирачките антитела до ниво поголемо отколку по примањето на втората доза.
„Веруваме дека тоа ќе го намали бројот на случаи на Covid-19. Веруваме, исто така, дека третата доза може значително да го продолжи имунитетот низ целата следна годинија, додека се обидуваме да ставиме крај на пандемијата“, додал.
Во анализата на „Moderna“ била споредувана ефикасноста на вакцината кај повеќе од 14.000 волонтери вакцинирани во периодот од јули до октомври минатата 2020 година, како и кај 11.000 доброволци кои ја примиле вакцината меѓу декември 2020-та и март 2021 година
Во двомесечниот период од јули до август годинава истражувачите идентификувале 88 случаи на Covid-19 меѓу оние кои неодамна ја примиле и втората доза од вакцината, во споредба со 162 случаи меѓу вакцинираните во минатата година.
Притоа, само 19 случаи се сметале како тешки, што е клучно мерило во процената на слабеењето на заштитата. Од компанијата велат дека кај порецентните вакцинирани имало помалку сериозни случаи, иако бројките не се статистички релевантни.