Посетата на француската престолнина, јорданската кралица Ранија ја означила со ефектен стајлинг за каков во улога на домаќинка се одлучила и првата дама на Франција – Брижит Макрон.

Оваа поранешна наставничка со функција на прва дама на Франција развила препознатлив моден стил и ретко кога излегува од својата комфор зона, а нејзиниот стил најчесто е составен од совршено скроени капути и сакоа, тесни панталони или минијатурни фустани со А-крој во кои доаѓа до израз нејзината витка фигура.
За средбата со јорданската кралица ниту овојпат не се откажала од своите добитни модни комбинации, издание кое е креирано од бел фустан до колена. Неговите ракави се нагласени со детали – бели копчиња, а како бројни модни парчиња досега и оваа креација е од брендот „Луј Витон“.

Елегантниот фустан 69-годишната Французинка го надополнила со беж салонки, а на нејзиниот стајлинг одлично ѝ парирала јорданската кралица Ранија која важи за една од најдобро облечените жени на планетата.
Една од најубавите, но и најдобро стилизирани кралици на светот привлекла внимание во светло-синиот фустан кој го платила цело богатство.

За да ја направи поформална, нејзиниот оригинален прорез на подрачјето на стомакот го покрила со ткаенина со иста боја, а таа е позната и како љубителка на аксесоари, па носела и чанта со потпис на италијанскиот бренд „Фенди“.
Како и првата дама на Франција таа го заокружила своето модно издание со класични салонки чија бела верзија ја потпишува дизајнерот Џими Чу.