Претходно, веста дека си одат ја потврди Марија, која за „Репортер“ вели дека е среќна што конечно тргнуваат.
„Летаме рано изутрина и едвај чекам да тргнеме. Многу сум возбудена, највозбудена“ откри пејачката за „Репортер“.
Инаку, Марија и Бојан последниве две години често одеа во Англија каде што имаа настапи, но и снимаа со англиски продуценти. Минатиот викенд тие настапија на „Макфест“ со песната „Ти си ми сон“, а ова беше нивни прв настап на фестивалот во Штип по пет години.
Пред неколку години во Лисабон ја претставуваа Македонија на „Евросонг“ со песната „Изгубено и најдено“ (Lost and Found), но не влегоа во финалето.