Џон Пол Гонзо, новинар од австралиската ТВ куќа „Network Ten“, станал вирален хит откако споделил видео на Твитер на кое се гледа како вежбал јавување во живо пред катедралата Сент Теодора во Кишињев, каде требало да зборува за новиот пакет американска воена помош за Украина.
Во еден момент непозната девојка дошла до него и го бакнала во образ.
„Многу си сладок“, му рекла и веднаш заминала, а тој толку се збунил што и се заблагодарил дури кога веќе била далеку. Потоа некое време не можел да престане да се смее, а во позадината се слуша и смеата на камерманите.
Видеото предизвикало расправа: „Ќе беше поинаква приказна да беа улогите обратни“
Додека на многумина овој потег на девојката, некои корисници на Твитер во коментарите пишувале дека би била поинаква приказна доколку маж и пришол на жена.
„Ако некој маж така и пријдеше на новинарка, би бил во затвор и насекаде по вестите“, напишал еден корисник.
„Ако ситуацијата беше обратна, ова би се нарекло сексуално вознемирување“, „Ужас, ова е непримерно“, „Се обидувам да замислам што ќе се случеше ако улогите беа обратни“, гласат некои од коментарите.
https://twitter.com/i/status/1627953549404475393