По хуманиот гест на хрватскиот фудбалски репрезентативец Марсело Брозовиќ кој на Македонката, Стаменка Менче Трпковска и донираше 3.000 евра за операција, 26-годишната девојка му се заблагодарува на фудбалерот, велејќи дека иако не следи фудбал, тој ја покажал човечката големина.
„Јас не следам фудбал и не сум слушнала за него, но сум му многу благодарна за неговиот придонес. Во секој случај со реакциите на моите блиски сфатив дека е популарен и одличен фудбалер. Покрај што е одличен фудбалер, многу поважно е тоа што покажа дека е неверојатно голем човек, кој многу ми помогна во мојот натпревар наречен живот. За мене тоа е најважно“, изјави Стаменка Трпковска, а објави екипа.мк.
Претходно, апелот за помош за Менче беше проширена на социјалните мрежи. На иницијативата за помош се приклучи еден балкански фан клуб на италијански Интер, кој ја сподели објавата и побара од фановите помош за Македонката. Хрватскиот фудбалер, инаку член на Интер ја чита веста и веднаш префрла пари за да се заврши процедурата.