Пејачот Халид Бешлиќ пред неколку дена ја оперираше катарактата на левото око, па раскажа како му било кога не гледал скоро ништо, откако пред 10 години го загуби десно око.
“Докторот ми ја симна мрежата од левото око, која ми создаваше проблеми и ми го нарушуваше квалитетот на животот. Сега одлично гледам. Сега толку добро гледам што не ни морам да носам очила, но тие психолошки ми значат поради десното кое ми настрада во сообраќајна незгода. Со очилата имам чуство дека и тоа око ми е во функција, иако е тоа само протеза. Што се однесува за левото око, дури сега можев да видам колку бев хендикепиран и колку е тешко да бидеш слеп – искрено зборувал Халид.
Халид Бешлиќ се потсетина сообраќајната несреќа од пред 10 години која му се случила во близина на Сараево, во која за влакно избега од смртта, но засекогаш го загуби окото и покрај тоа што докторите се обидувале да му го спасат.
“Треба да се слави живото бидејќи може за секунда да згасне. Никогаш не знаеш што те чека утре. Јас сум среќен и задоволен човек иако не сум повеќе млад а и не сум многу здрав“.