Со јака хемотерапија во болницата во Болоња, српскиот тренер Синиша Михајловиќ направи голем чекор напред во борбата со леукемија. Бидејќи Михајловиќ не сакаше неговите деца да го посетуваат во болница без коса и видно ослабен, тој со зелено светло од лекарите се врати дома. Сопругата Аријана и децата му направија изненадување.
Имено, собата била преполна со балони, а само што ја отворил вратата Синиша можел да го види натписот на кирилица.
“Добро дојде дома, тато. Те сакаме“.
Додатен декор биле фотографиите на семејството со него кои биле поставени на жица оптегната меѓу два столба во собата.