Австралискиот сурфер Боди Мани Ризби Џонс е уапсен на остров во Индонезија поради пијанство и насилничко однесување.
Младиот 23-годишен спортист е обвинет дека нападнал и повредил локален рибар, а претходно пијан го напуштил хотелот.
Проблем за Австралиецот е што инцидентот го направил во гратчето Асехо на островот Суматра. Асехо е град кој има посебен автономен статус и е единствената индонезиска провинција каде владее строго шеријатско право.
Сепак, младиот спортист може да избере дали ќе биде осуден според шеријатот или според провинцискиот закон. Доколку биде прогласен за виновен, според шеријатскиот закон му се заканува 2,5 години затвор и 40 удари со камшик. Доколку биде осуден според провинцискиот закон, ќе се соочи со затворска казна до пет години.
Дополнително, според правилата на локалното население, традицијата налага и да се обезбеди коза за колење од локалното население како вид на жртва.
Колку локалното население било револтирано од неговите постапки покажува и фактот што сакале да го запалат хотелот во кој тој престојувал. За среќа, полицијата и локалниот началник успеале да ја смират толпата.