Млад пар се препуштил на жешка акција на летот за Даблин, игнорирајќи ги останатите патници.
Патничка снимила девојка како наводно допира млад човек со раката под шал за време на летот. Шокантна снимка од секс во авион е снимена минатиот вторник на утринскиот лет од Лондон до Даблин, објави Дејли Меил.
– Секогаш кога ќе се свртев, гледав енергични движења на седиштата од другата страна. Беше многу очигледно што прават момчето и девојката. Ова траеше околу 20 минути. Едно дете трчаше горе-долу и можеше да види што прават. За мене беше прилично непријатно да седам до брат ми и да морам да посведочам на тоа – изјавила девојката која ја снимила сцената.
За инцидентот се огласи и Бритиш Ервејс.
– Нашите колеги од кабинскиот екипаж не беа информирани за никаков проблем за време на летот. Доколку беа информирани, ќе преземеа соодветни чекори за да го решат тоа – изјавил портпаролот на компанијата.
Полицијата неодамна приведе млад човек и девојка откако биле фатени како имаат секс во тоалетот на авионот. На видеото се гледаат други патници на летот од Лутон како врискаат шокирани откако член на екипажот на EasyJet ја отвори вратата од тоалетот за да ја пронајде експлицитна сцена.