Младоженците го играат првиот танц, кога наеднаш настана хаос- невестата се струполи (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Идните младоженци честопати поминуваат месеци подготвувајќи се за својата свадба, обидувајќи се да се осигурат дека секој детаљ е на свое место. Сè што може да ги исфрли од колосек носи дополнителен стрес.

Не е невообичаено невестите да сакаат сè да изгледа совршено, па затоа го вежбаат сценариото за нивниот посебен ден. Првиот танц е еден од сегментите на кои обрнуваат посебно внимание. Тогаш сите очи се насочени кон нив и кон подиумот за танцување.

Свадбеното видео снимено за време на првиот танц ги насмеа многумина. Сепак, сигурно е дека младенците не биле расположени да се смеат во оваа ситуација.

На почетокот, сè изгледало идеално. Невестата и младоженецот се упатиле кон подиумот за танцување, се погледнале заљубено во ритмите на нивната омилена песна. Почнале да танцуваат, а потоа…

Кога се обиделе да изведат заводливо спуштање, се случило фијаско. Невестата се лизнала и паднала на подот, а младоженецот паднал врз неа.

Сите на почетокот биле без зборови од шок, но кога се увериле дека сè е во ред со младенците, низ целата сала избувнала смеа. Набрзо едно девојче, веројатно сестрата на еден од нив двајца, им притрча на помош за да им помогне да станат.

останати вести