Младоженец од Индија почина од вирусот корона два дена по венчавката, на која дури 95. гости се заразиле од смртоносниот вирус.
Мажот (30), чие име не е споменато, наводно имал симптоми на вирусот корона и бил болен кога се оженил во индиско село во близина на Патна.
Тој бил кремиран без тестирање, но кога службените лица контактирале со роднините кои биле на свадбата, откриле дека 15. биле позитивни за вирусот корона.
После тоа, позитивно биле тестирани уште 80. гости, што е прво масовно избивање во државата Бихар, јавуваат индиските медиуми.
Невестата, од друга страна, го нема вирусот корона.
Властите велат дека свадбата на 12. мај ги прекршила правилата за блокада и се случила и покрај тоа што младоженецот покажувал симптоми на болест.
Прекршени се и правилата за социјална дистанца и забраната за собирање повеќе од 50. лица.