На социјалните мрежи кружи урнебесно видео од свадба, кое само на платформата Х го погледнале повеќе од 3,7 милиони луѓе.
Тоа покажува колку поединците се трудат да бидат единствени, а понекогаш можеби и да претераат..
На почетокот ги гледаме гостите во свечената сала како го чекаат доаѓањето на младенците. Тогаш на вратата се појавуваат неколку млади мажи во сини костуми кои носат „ковчег“ на рамениците.
Логично, од него штрчат нозете – и тоа не на било кого, туку на „кутриот“ младоженец. Младите го носат „ковчегот“ до гостите, танцуваат, а потоа се појавува главната ѕвезда.
Младоженецот станува од ковчегот, облечен во елек и шешир. Присутните почнаа да аплаудираат и гласно да го бодрат.
Многу корисници на социјалните мрежи се изненадени од сцената, и истакнуваат дека не ја разбираат потребата од ваков „перформанс“.
„Никогаш не сум ги разбрал луѓето кои бараат внимание“, напиша една личност, додека друга додаде: „Понекогаш традиционалното е многу подобро“.
https://twitter.com/i/status/1828041738348335430
Многумина се интересираа како реагирала невестата, бидејќи снимањето било прекинато.
„Ќе има среќа ако не го врати засекогаш во таа кутија, по таков запис“, смета еден корисник.
„Го разбирам. Еден дел од тебе дефинитивно умира кога ќе се ожениш“, заклучува друг.