Нова викенд забава со прекршување на здравствените протоколи. На снимките кои ги објави „Сител“ се гледа дека во кафе бар во скопската населба Тафталиџе има голем број млади коишто се забавуваат без маски, ниту држат соодветно растојание.
Настанот бил пријавен и во Државниот пазарен инспекторат. Инспекторите по направениот вонреден надзор најавија кривична пријава за угостителскиот објект.
При една дојава телефонска извршен е инспекциски надзор на кафе барот 101 на улицата Митрополит Теодосие Гологанов притоа беше контатирано дека има организирано забава со диџеј поголема група на млади луѓе собрано со гласна музика и тие повеќето беа на нозе. И колегите наши согласно протоколите на Владата контатираа прекршување на протоколот за што ќе биде поднесена кривична пријава – вели за „Сител“, Џелал Максути, од Државниот пазарен инспекторат.
Од ДПИ велат дека немаат ингеренции да ги казнуваат гостите за неносење маски и недржење дистанца. Тоа може да го санкционира само полицијата. За прекршувањето на протоколите, пак, од пазарниот инспекторат велат дека не можат да го затворат кафе барот туку имаат надлележност само да поднесат кривична пријава.