Младите во ЕУ ја губат вербата во Господ, но тоа не е случај ниту на Балканот: Македонија и Босна предничат, Србија се држи

by Тони Зографски

Корисник на Редит објави мапа на религиозноста во Европа. Иако не се потруди да им даде на корисниците детални информации, овие детали предизвикаа и лавина коментари и сомнежи. Имено, на графичкиот приказ на Европа, тој со црвено ги означи земјите во кои младите се помалку религиозни од нивните родители, со жолто областите каде што нема голема разлика меѓу помладата и постарата популација, додека со сина боја ги обои земјите каде генерациите се повеќе посветени на религијата од постарите.

Очекувано, поголемиот дел од Европа, па дури и Турција, што е изненадувачки, се најдоа во црвената зона. И хрватските млади се помалку религиозни од нивните родители, но и Албанци. Очекувано Србија има сличен број верници меѓу помладата и повозрасната популација, иста ситуација е и во Црна Гора.

Сепак, само две земји во Европа се обоени во сино и бележат пораст на бројот на верници кај младите, интересно е и двете поранешни југословенски републики – Босна и Херцеговина и Македонија.

Мапата предизвика бура на мрежите, па додека многумина се сомневаа во релевантноста на изворот, други останаа на логични објаснувања:

„Нивните родители биле комунисти, атеисти, нормално е дека има повеќе верници меѓу младите“.

 

 

Извор: Centar

останати вести