На Инфективната клиника во Скопје 28-годишен охриѓанец ја загуби битката со коронавирусот.
Лазар Секулоски последните денови бил на респиратор, а префрлен е во Скопје откако му се влошила состојбата додека бил хоспитализиран во Охрид.
Момчето било дијабетичар и имало и проблеми со тироидната жлезда, јавуваат локалните медиуми.
Лазар живеел и работел во Љубљана, Словенија, но дошол во Охрид да ја посети мајката која боледувала од карцином на белите дробови и била хоспитализирана во Општата болница во Охрид и таму се заразил од ковид.
Тој е најмладиот меѓу 35-те починати од ковид во последните 24 часа во Македонија.