Многумина се обидуваат да ја направат својата венчавка епска и незаборавна, а Гејб Џесоп и неговата избраничка Амбир ја „свртеа играта“.
Решиле да се самозапалат пред свадбената веселба, а видеата повторно и повторно го преплавија интернетот и ги воодушевуваа гледачите.
Гејб и Амбир го кажаа судбоносното „да“ пред неколку години, а имаат богато искуство во филмската индустрија – затоа што се каскадери.
Тие решија јавно да ги покажат своите вештини и направија вистински спектакл. Со овој трик сакале да им оддадат почит на нивните кариери и тоа на овој посебен ден, пренесува Unilad.
Секој чекор бил испланиран, специјалните одела што ги носеле биле подготвени, а соработниците чекале со противпожарни апарати.
Пламенот брзо се проширил по грбот на невестата и младоженецот, додека тие им мавтаа на запрепастените сватови, а како сето тоа заврши, погледнете во видеото.
Bride and groom set fire to their costumes during the ceremony pic.twitter.com/B2M4Kgm1Zb
— Crazy Clips (@crazyclipsonly) October 20, 2024
Корисниците на социјалните мрежи реагираа ентузијастички, а на некои не им беше јасно како „преживеа“ косата на младата жена.
„Каков прекрасен почеток на заедничкиот живот“, „Како ќе им објаснат на децата зошто го направиле ова“, „Да живеат уште 100 години“, беа дел од коментарите.