Младата пејачка Адисон Реј (23) која се прославила со разголените фотографии од базен со Кортни Кардашијан кога имала само 19 години, од омразена тиктокерка станала вистинска ѕвезда која заработува милиони. Таа на црвениот тепих на „Annual Academy Museum Gala“ свеченоста одржана во Лос Анџелес, пленела со својот изглед.
Таа носела проѕирен фустан којшто ги открил гаќичките во иста боја и којшто со прорезите во пределот на струкот ја направил нејзината фигура на тело неодолива и обликувана како песочен часовник.
Деколтето се протегало до папокот, па тоа го направило фустанот уште попредизвикувачки, а креацијата оваа девојка ја искомбинирала со црни сандали на висока потпетица.
Од накит атрактивната пејачка не носела ништо, а стајлингот го надополнила со прикладна шминка во поблаги тонови, додека пак косата ѝ била пуштена.
Фустанот доаѓа од новата колекција на престижниот бренд „Роберто Кавали“ за сезоната пролет/лето 2024 година, а претставена била овој септември на Модната недела во Милано.