Обид за вооружен грабеж на продавница во округот Риверсајд, САД, бил спречен кога 80-годишниот сопственик грабнал пушка и отворил оган, а таа многу необична сцена била снимена со надзорните камери.
На видеото се гледа како човек влегува во Norco Market & Liquor и вперува пиштол кон сопственикот зад шанкот. Сопственикот потоа посегнува по огнено оружје и пука во осомничениот, објави Си-Ен-Ен.
Одделот на шерифот соопшти дека сопственикот испукал еден истрел од сачмарка, поради што осомничениот избегал.
– Законски вооружен припадник на нашата заедница спречи насилен криминал и се бранеше соочен со неколку вооружени осомничени – соопштија од одделението. Сопственикот, кој не сакал да биде идентификуван за да ја заштити својата приватност, изјавил за Си-Ен-Ен дека видел вооружен маж како се приближува до продавницата неколку моменти пред да влезе.
Снимката од надзорната камера надвор од продавницата покажува како втор вооружен маж излегува од паркиран џип и се упатува кон продавницата непосредно пред повредениот осомничен да истрча назад кон возилото, очигледно викајќи дека му „ја откинал раката“. Властите соопштија дека еден осомничен подоцна бил пронајден во болница во Јужна Калифорнија со очигледна прострелна рана.
Имено, осомничениот се уште е хоспитализиран во критична, но стабилна состојба, соопштија од канцеларијата на шерифот, истакнувајќи дека тој ќе биде задржан во затвор откако ќе биде пуштен од лекување. Уапсени се уште три лица во џипот и обвинети за разбојништво, соопштија од одделението.
Полицијата во возилото пронашла неколку украдени огнени оружја.
Always be ready
Repost from @foxla
•
VICTIM RETURNS FIRE: The owner of Norco Market & Liquor didn't hesitate to open fire on a male suspect who walked into the store armed with a rifle. #crime #robbery pic.twitter.com/Kvqe6rwJmF— Dr. C’s Livin Life Warriors (@DrClivinlife) August 1, 2022