Неда Украден во интервју за српски „Курир“ проговори за својата музичка кариера и љубовниот живот и откри дали во моментот е вљубена.
Познатата пејачка вели дека често ѝ се додворуваат помлади мажи, но дека никој не ѝ треба, бидејќи сака да работи и тоа ја прави среќна.
– Жената блеска кога е задоволна и среќна, а јас имам толку многу причини да бидам таква. Што се однесува до мажите, како што вели Џибони, не сум забележала дека некој ми недостасува. Доволно е да ви кажам дека сум сакана и дека секогаш сакам. Работа, љубов, креација, акција, тоа е сѐ за мене – опишала таа.
Иако не е во врска, вели дека не ѝ недостигаат додворувачи, особено помлади кои, како што тврди, најчесто ѝ се додворуваат. „Постојано! Па, овие мои врсници кои сега одат со бастун и не можат да се качуваат по скали, нема да ми се додворуваат. Освен моите врсници кои се врвни, имено Брега и Чола.“
Таа проговори и за емотивните моменти кои ги доживеала во кариерата.
– Тешко ми беше кога почина татко ми. Беше договорено да се снима спотот „Само небото е над нас“. Тоа беше дует со Жељко Самарџиќ. Истото беше и кога почина мајка ми. Отидов во Опатија да ја снимам песната „Као вино и гитара“ и кога пристигнав во Опатија, ме известија дека мајка ми починала. А потоа брзо се вратив – открива таа.