Актерката Меган Фокс привлече огромно внимание на МТВ наградите со својот проѕирен фустан. Сите погледи беа вперени во нејзиното бујно деколте и танга гакичките украсени со дијаманти.
Откако стивнаа импресиите, актерката откри дека фустанот бил идеја на нејзиното момче, раперот Машин Ган Кели.
-Ми рече вечерва треба да бидеш гола. Јас му одговорив, како ќе кажеш, – изјавила Меган Фокс.
Очекувано, фановите побрзаа на Твитер за кратко време да го кажат своето мислење за облеката.
Меган Фокс во ВМА е она што треба да го видите“, напишал еден корисник.
Други, исто така, напишаа дека фустанот е несоодветен.
“Тоа не е фустан. Најдете елеганција и завиткајте го во сексапил. Соблекувањето облека за папараците не се смета за мода”.
Меган Фокс и Кортни Кардашијан ги изненадија гледачите со објавата дека нивните партнери Машин Ган Кели и Тревис Баркер, се идните татковци на нивните бебиња.