Синот на актерката Јана Стојановска и кошаркарот Андрија Бојиќ се роди во седмиот месец, откако сосема неочекувано, два месеци пред терминот за породување, на Јана ѝ пукнал водењакот. Малиот Ненад, кој го носи името на својот дедо, по два месеца поминати во болница во Букурешт, сега е дома.
Актерката, која во Романија се пресели поради ангажманите на сопругот за кошаркарскиот клуб „Волунтари“, за „Женски магазин“ раскажува низ што поминала изминативе месеци и што ѝ давало сила да верува дека со нејзиниот син, сепак сѐ ќе биде во ред.
„Ненад нѐ изненади сите, нѐ извади од кондури. Беше 31 август и јас се мислев каде да одам да се сончам дента додека е Андрија на тренинг. Сѐ уште беше лето, два месеци пред мојот термин. Сѐ уште не бев сигурна дали сакам да се породам во Романија или да се вратам во Скопје. Прсна водењакот, не бев ни сигурна што се случува, знам само си реков: „Многу е рано” и трк во првата болница што ни ја препорачаа од клубот. Морав да останам во болницата додека не ми се качат леукоцитите, не можевме да знаеме дали тоа ќе трае еден ден или еден месец“, раскажа Јана.
Повеќе на „Женски магазин“