Сексапилната бразилска инфлуенсерка Стефани Силверира има најголем број следбеници на платформата „OnlyFans“ во таа земја и не престанува да ја интригира јавноста со своите провокативни објави. Овојпат таа предизвика лавина од реакции поради едно „интересно искуство“ кое го доживеала на одмор во Дубаи.
Имено, таа откри дека богат шеик, откако се сретнале и кратко разговарале, ѝ понудил 456 илјади евра само за да ја натера да се согласи да оди на состанок со него. И покрај примамливата понуда, таа признава дека категорично кажала „не“.
„Мислев дека е шега. Меѓутоа, еден пријател ми објасни дека таквите понуди се доста чести во Дубаи. Едноставно бев шокирана“, раскажува атрактивната инфлуенсерка и нагласилува дека неморалната понуда на овој моќен маж не ја навредила.
Од друга страна, таа нагласува дека моментално заработува повеќе од доволно на „OnlyFans“ и дека може да си ја исполни секоја желба. Таа го живее животот од соништата – патува, инвестира и му помага на семејството.
„Ми понудија да учествувам во реално шоу, да се натпреварувам на изборот за мис, па дури и да снимам филмови за возрасни во Велика Британија. Сите понуди беа примамливи, но ништо подобро од она што веќе го заработував на различни платформи. Сето тоа е убаво, но ништо не ја надминува слободата во која уживам. И можам да снимам што сакам, и да патувам и да запознавам нови луѓе“, искрена е Стефани.