Ники Фокс била злобна кон едно момче и го понижувала, а и била платена за тоа. Сега вели, сака да заработува уште повеќе. Корисничката на TickTok Ники Фокс објасни како добила порака од странец кој барал намерно да го „понижи“ во замена за пари.
Зборувајќи во нејзиното видео, Ники објаснила:
„Јас сум злобна и сурова кон другите и на тој начин заработувам пари. Овој човек ме контактираше на Инстаграм и ми рече дека ќе ми плати една од сметките и се што треба да направам за возврат е да го понижам а јас го нарекувам глупав. Не ми е лесно да бидам злобна, но се обидов добро да одглумам – го нареков губитник“.
Ники објаснила дека се согласила да испрати кратка говорна порака во која го нарекува „патетичен“ и бара веднаш да и ги плати сметките.
Таа продолжила: „Очигледно бев многу добра во тоа бидејќи ме праша дали може да плати повеќе од моите сметки“.
Ники споделила видео на кое можеме да видиме како добива уплата од 100 долари. Таа рекла: „Проверете го вашето сандаче, никогаш не знаете. Има многу чудни луѓе таму“.
Видеото оттогаш добило речиси десетици илјади прегледи на TikTok и илјадници коментари, од кои многу од жени.
Еден напишал: „Како може ова да ми се случи?“, „Претпоставувам дека само што најдов работа од соништата“, „Па, дали можам да ги добијам неговите податоци?“, пишува The Sun.
https://www.instagram.com/p/CVyfZqxvE9P/