Кијану Ривс одигра значајни улоги во холивудските филмови „Адвокатот на ѓаволот“, „Бил и Тед“, „Џон Вик“, „Куќата на езерото“, како и во франшизата „Матрикс“.
Она што овој актер го издвојува од останатите е тоа што е многу скромен, секој ден патува со метро и најголемиот дел од парите ги дава во добротворни цели. Има и своја хуманитарна организација.ЖНеговата животна приказна не е лесна, негова голема љубов била Џенифер Сајм, покојната актерка.
На овој пар во 1999 година му се родило мртво бебе, Ава, што целосно ги скршило. Некои велеа дека актерската двојка се разделила поради таа трагедија.
Една година подоцна, Џенифер почина на 28-годишна возраст во тешка сообраќајна несреќа, а Кијану бил толку депресивен што направил долга пауза од работата на „Матрикс“.
Детството на Кијану не било лесно, татко му го напуштил кога имал само три години. Неговата мајка била проблематична и водела бурен живот, четири пати се мажела и разведувала.
Ривс имал проблеми со однесувањето за време на тинејџерските години, но успеал да ги надмине сите.
Друг тежок период во неговиот живот е загубата на неговиот голем пријател, актерот Ривер Феникс, кој почина во 1993 година, како последица од предозирање со дрога.
Кијану не го заборавил пријателот, па се уште го одржува неговиот спомен.
Странските медиуми беа особено воодушевени од тоа како Кијану го опиша својот пријател.
„Мразам да зборувам за него во минато време. Така што скоро секогаш морам да го одржувам присутен. Беше навистина посебна личност, толку оригинална, единствена, паметна, талентирана и креативна. Внимателен, храбар, духовит, мрачен, светол. Беше чест да го познавам. Ми недостига“, изјави Кијану за Esquire.
Инаку, Ривер беше брат на актерот Хоакин Феникс.