Српската манекенка Кристина Периќ за време на гостувањето во шоуто Ami G Show открива дека се допишувала со познатиот фудбалер Кристијано Роналдо.
Таа вели дека фудбалерот ѝ испратил селфи, но дека меѓу нив немало ништо повеќе од тоа.
“Роналдо ми пиша на Инстаграм, но се шпекулираше и дојде во погрешни раце, во рацете на новинарите. Ми испрати селфи, разменивме неколку пораки, но тоа беше сѐ. Ништо повеќе не се случи”, рекла Кристина.
„Имаме некои заеднички пријатели и верувам дека затоа се јави. Тоа се луѓе кои не се од јавниот свет“, додаде таа.
Кристина, инаку, го запознала Роналдо во 2016 година кога раскинал со Ирина Шајк. Еден нејзин пријател ја запознал со Роналдо.
Пријател ми рече дека мора да ме запознае со Роналдо бидејќи сум речиси идентична со Ирина. Веднаш прекинав со него бидејќи славата и парите не му беа важни. Се однесуваше како нормален дечко од соседството. За жал, немам многу време за дружење“, рекла тогаш Кристина.