Српскиот ас Новак Ѓоковиќ, освен што ја освои втората титула на „Ролан Гарос“, усреќи едно дете кое го следеше денешното финале.
Веднаш по финалето против Циципас, Ноле му го подари својот рекет со кој стигнат до трофејот, а потоа се случи некој што веројатно никој не очекуваше. Детето буквално полуде од среќа, почна да скока, очите му се наполнија со солзи… Просто не му се веруваше каков подарок доби.
На прес-конференцијата, Ѓоковиќ беше запрашан кое е момчето.
„Не знам кое е момчето, но цело време го слушав. Тој ме охрабри кога губев со 2-0. Дури ми даваше совети за време на натпреварот, како тренер ха-ха. Тој беше најдобриот избор, сакав да му го дадам рекетот, бидејќи тој ме поддржуваше во текот на целиот натпревар“, рекол Новак.
Amazing moment of Novak Djokovic handing his French Open title winning racket to a young boy. pic.twitter.com/zOHOXa53bp
— Darren Rovell (@darrenrovell) June 13, 2021