Лори Харви, американска моделка и ќерка на познатиот комичар Стив Харви, важи за една од најжешките жени во шоубиз-индустријата, а погледот на нејзината извајана, целосно природна фигура е навистина импресивен.
Оваа 26-годишна девојка е неверојатно тонирана, а својата совршена фигура обожава да ја истакнува во провокативните изданија и креации. Таа привлече особено внимание на Мет гала минатата година кога гордо ги покажа затегнатите стомачни мускули во секси црн фустан со изрез на стомакот.
Интересно е што малку пред тоа Лори имаше неколку килограми вишок; како што и самата призна, во почетната фаза од врската со поранешното момче Мајкл Б. Џордан се здебелила околу седум килограми.
“Кога раскинав со Мајк, се здебелив околу седум килограми и беше страшно. Не можев да облечам ништо, едноставно не се чувствував добро, изјави таа за новинарите, а потоа откри што ѝ помогнало да ги усоврши линијата и фигурата.
“Тоа е пилатес. Пилатесот ми го промени животот, коментира таа.
„Постојано вежбав пилатес во изминатата година. Тоа го правам неколку години, но бев многу редовна изминатава година“, рече Лори, додавајќи дека одела во теретана пет или шест пати неделно додека била во процесот на слабеење.
Таа била толку посветена што понекогаш тренирала двапати на ден, често инсистирајќи на кардио по пилатес. Кардио-тренингот ѝ се состоел од интервален тренинг кој вклучувал спринт, планинарење и трчање по скали.
Таа, исто така, се трудела постојано да биде во калориски дефицит и консумирала „не повеќе од 1.200 калории дневно“. Овој исклучително ригорозен начин на исхрана, во комбинација со нејзината физичка активност, ја доведоа до каде што е денес – на листата на најубави жени во светот.
“Вежбањето пилатес само по себе нема да придонесе да изгубите тежина. Но ќе ви даде вретенести, тенки мускули, додаде таа.