Двајца млади борачи од тимот на Универзитетот Јута, Кендел Камингс и Брејди Лаури, едвај спасиле жива глава откако биле нападнати од гризли мечка во дивите шуми на американската држава Вајоминг.
Борачите тргнале на кампување и во потрага по еленски рогови во Националната шума а патем со уште неколку пријатели уживале во природата.
Таа идила била прекината од една гризли мечка која прво го нападнала Лаури и му ја скршила раката, а потоа го нападнала Камингс кој му притрчал напомош на пријателот.
Мечката се нафрлила на Камингс и го гризела по главата. Потоа мечката конечно си заминала. Обата борачи изгубиле многу крв, а ги спасиле пријателите кои биле со нив и кои кога опасноста минала се вратиле да им помогнат.
„Не сакав да го изгубам мојот пријател. На него имаше голема мечка. Можев да побегнам и да го изгубам мојот пријател, но решив да го спасам или барем да се обидам”, изјавил Камингс за NBC, опишувајќи ги деталите за напад:
„Можев да ги слушнам неговите заби како ме удираат во черепот. Исто така, чувствував како ми ги гризе коските, тие крцкаа. Го повикував Лори за да се уверам дека е добро. Тогаш мечката очигледно ме слушна и повторно ме зграпчи“.
Сепак, нивните пријатели им помогнале
По неколку минути борба, борачите успеале да ја исплашат мечката, која неколку пати се враќала и напаѓала. Но, тие биле тешко повредени и не можеле да побараат помош. Нивните пријатели се вратиле и направиле импровизирана носилка за да ги однесат на првото место каде што можеле да побараат помош.
По неколку минути борба, дуото успеало да го исплаши гризлиот, кое неколку пати се враќаше и напаѓаше, но на крајот се откажало од борбата. Бидејќи изгубиле многу крв и биле тешко повредени, не можеле да побараат помош.
После тоа со хеликоптер биле пренесени во болница, каде и на двајцата им била извршена итна операција. Лори добил шест завртки во раката, а Камингс добил 60 конци во главата пред да направи пластична операција за исеченици на лицето.