Британката Клара Хермет стана позната на социјалните мрежи благодарение на тоа што се занимава со тема која и денес е малку незгодна, иако живееме во времиња во кои се изгледа нормално и возможно, а се работи за тоа како е да се биде самохрана жена во доцните 30-ти и раните 40-ти години.
И’ покрај тоа што оваа водителка често добива остри коментари, па дури и навреди, поради тоа што нема ниту деца, ниту партнер, таа вели дека е совршено задоволна од својот живот и дека не можела да биде позадоволна отколку што веќе е.
39-годишната девојка од Лондон објавува кратки видеа на TikTok посветени на немажените, самохрани жени, сето тоа со желба да ги поттикне да се чувствуваат сакано и моќно.
Клара почнала да создава содржини за сингл животот пред околу две години, а првото од серијата видеа било она во кое таа едноставно им кажува на луѓето дека има 37 години, дека нема деца и дека никогаш не била мажена, и наишла на толку голем и бурен одзив што сакала пошироко да ја разработи таа тема.
– Луѓето ми велеа дека сум стара мома. Имаше многу коментари кои навистина не беа убави – вели таа и додава дека тоа ја навело да им покаже на сите дека е во ред жените да бидат сами, без разлика во која фаза од животот се.
– Сите растеме со убедување дека животот се сведува на тоа да имаш партнер и деца. Тоа е како да сте не успеале ако не го исполните тоа, како да треба да чувствувате срам. Сепак, мислам дека сега нема толку голем притисок како што имаше порано во минатото. Не ти треба маж, жените можат сами да купат или изнајмат куќа… Да се биде во врска е прекрасна работа, но има и ситуации кога луѓето се во врска, но тоа не значи дека се среќни – истакнува Клара.
Иако отворено зборува за животот на самец, признава дека би било убаво еден ден да најде љубов. Таа нагласува дека била заљубена порано во животот и дека знае дека еден ден ја чека совршени придружник.
– Не се чувствувам осамено. Има многу луѓе кои се во врска, а сепак се чувствуваат сами или невидливи; тоа што сте во врска не може да ве направи среќни. Социјалните медиуми можат да влијаат на тоа како се чувствуваме – може да се движите низ Инстаграм и да видите многу совршени врски и да се чувствувате како да пропуштате. Но, мора да разберете дека во таа врска ги гледате само најубавите моменти, никој нема да ги објави своите кавги или она што предизвикува тензија во таа врска – објаснува госпоѓица Хермет.
Иако сè уште не ја нашла својата сродна душа, оваа бринета знае дека е далеку од стара мома. Всушност, таа истакнува дека никогаш не се чувствувала подобро. Вели дека вистински се запознала и сакала себеси дури во 30-тите.
– Оваа недела се однесов во кино и на ручек. Минатата година сама отидов во Мексико. На 32 години патував сама. Сакам да го живеам мојот живот. Навистина сум среќна и верувам дека ако зрачите со среќа – само тогаш можете да ја привлечете вистинската личност – заклучила таа.