Пејачката и кантавторка Мијата ја преработи песната „Бај, бај“ која групата „Буба Мара“ ја изведе на Фестивалот на забавни мелодии „Макфест“ во 1988 година.
Музиката и текстот се на легендарниот Драган Каранфиловски – Бојс, а новиот аранжман во кантри блуз стил го потпишуваат Дамир Пух, Наташа Миха Пух и Мијата. Усната хармоника ја свири Александар Пешевски, а слајд гитарите се на Дамир Пух.
“Ова е првпат да преработам македонска песна, а токму оваа песна за мене претставува емоционален времеплов. Голема чест ми е што добив шанса да персонализирам песна на Бојс со својата интерпретација“, рече Мијата.