„Јаболки и круши за уметнички души“ е музичко-театарското кабаре во кое уживаше публиката во Македонската филхармонија, а заслужна за тоа е Мијата. Пејачката и автор ги испеа своите најголеми хитови во акустична верзија, низ кабаре шоу.
Секој детаљ на концертот и беше одлично осмислен, од облеката која ја смени неколку пати, до нејзиниот актерски талент, пантомимичарот на сцената, бендот, рецитациите помеѓу песните. Публиката со топол аплауз ги пречека „Верувам во себе“, „Постојам“, „Дај ми да бидам човек свој“, „Домаќинска“.
Актерката Јелена Мијатовиќ, која и е сестра рецитираше, а Мето Јанакиевски ја збогати вечерта со неговата глума и пантомима. „Ви благодарам то верувавте во овој мој музички екперимент. Замете си од јаболката за по пат, за јадење се“, рече Мијата на крајот.
За целиот настап, таа и нејзиниот тим ги заслужија овациите кои ги добија.