Хрватската пејачка легенда Мишо Ковач заврши во болница поради инфекција на белите дробови. Во моментов неговата состојба е стабилна. Тој во минатата среда закачил јак бронхитис и што е најинтересно, во болницата е во иста соба со хрватскиот композитор Ѓело Јусиќ.
“ Мислам дека се тоа е последица на големата настинка и вироза која подолго време ја влече. Во почетокот на годината Мишо имаше проблем и со синусите, тешко дишеше , па докторот му советуваша да остане во болница. Исто така на последниот концерт во Сплит тој пееше со 39 температура“, изјавил за Јутарњи лист пријател на Мишо.
Медицинскиот персонал во болницата вели дека Мишо не е тежок како пациент. Ништо не бара повеќе од тоа што му следува, не изигрува голема ѕвезда и ги слуша советите на лекарите. Му прија посетата на пријателите и на неговата сопруга Лидија.