Грчкиот премиер преку ноќ стана сензација на социјалните мрежи, и тоа откако се појавија негови фотографии на кои со раскопчана кошула прима вакцина против корона вирус.
Кирјакос Мицотакис (52) ја прими втората доза од вакцината, но наместо да го заврати раковот, тој решил да ја раскопче кошулата и да ги открие градите. Фотографиите од примањето вакцина станаа вирални, а корисниците на социјалните мрежи „полудеа“.
„Подготвена сум за одмор“, „Мама миа“, „Доаѓам во Грција“, се само дел од коментарите на социјалните мрежи.
Некои го споредуваа со Путин, присетувајќи се на фотографиите на кои рускиот претседател јава топлес на коњ.
Ниту мажите не беа имуни.
Јас сум стрејт, но можам да забележам дека овој господин изгледа добро – напиша еден корисник.
Инаку, Мицотакис беше меѓу првите во Грција што ја прими вакцината за коронавирус во декември, по одлуката државните и локалните политичари, покрај здравствените работници, да ја вакцинираат во првиот круг.