Анастасија Лена, поранешна мис на Украина, на својот Инстаграм профил објави фотографија на која позира со пушка во рака.
Таа победи на натпреварот за убавина во 2015 година. Невообичаено за мисиците, убавата Анастасија е вешта со оружје бидејќи неколку пати се натпреварувала на аерсофт натпреварувања.
https://www.instagram.com/p/CXd_Ca_MiPk/
Сега таа позира со пушка на Инстаграм и повикува на одбрана на Украина.
https://www.instagram.com/p/CZ2NqzALxFo/
– Секој што ќе ја помине границата на Украина со намера да изврши инвазија ќе биде убиен – стои во коментар под нејзината фотографија на популарната социјална мрежа каде позира со пушка и во воена униформа.
Таа, исто така, сподели фотографија со нејзините 75.000 придружници на која се прикажани војници како шетаат со украинскиот претседател Володимир Зеленски, кого го нарече „вистински и силен лидер“.
https://www.instagram.com/p/CaSsOdyr4FA/