Еден од најдобрите глумци во овие простори Милан Лане Гутовиќ почина вчера на 75-годишна возраст на Военомедицинската академија во Белград, по кратка и тешка болест. Тој зад себе има импресивна кариера и бројни награди.
Лане речиси никогаш не зборувал за својот приватен живот. Особено, многу малку се знае за неговиот прв брак. Никогаш на зборувал за првата венчавка, ниту го открил името на тогашната сопруга. Со неа ја добил ќерката Милица која е глумица и балерина. Тие се развеле пред повеќе од 30 години, но и потоа биле во пријателски односи. Но, глумецот, никогаш на сакал ниту името да и го изговори во јавноста.
По разводот, Лане влегол во втор брак, со Биљана Кнежевиќ со која бил десет години, и го добил синовите Јаков и Спасоје. За неговиот втор брак многу се зборувало, но актерот и тогаш молчел.
Како што е познато Гутовиќ никогаш не се сликал ниту со првата, ниту со втората жена.
Тој често бил напаѓан од невладини организации поради лошите и навредувачки изјави упатени кон жените.
-Бев воображен дека сакам само добри жени, но тие “добри“ ми покажаа дека всушност јас добрите жени не знам да ги препознаам. Жените ме сакаат и ја нивното друштво го користам на разни начини. Ако почнам да опишувам на кои начини, интервјуто ќе го промени жанрот и ќе премине во доменот на порнографија, – рекол во една прилика Лане.
Инаку, Милан Лане Гутовиќ ќе биде погребан во сабота, во 12 часот, на гробиштата Кумодраш.
Како што велат, Гутовиќ изразил желба да не биде погребан во Алејата на заслужните граѓани на белградските Нови гробишта.
Comments are closed.