рачниот пар Ники и Келсе Гарлик со години се обидуваат да се исполнат во улогата на родители, но не им одеше најдобро, а потоа одеднаш буквално се случило чудо.
Бидејќи за малку ќе се откажале од борбата за потомство, Ники и Келсе решиле да посвојат две деца и да се грижат за нив. Одеднаш пред еден месец оваа професорка почнала да чувствува стомачни болки додека била на училиште. Многу се исплашила мислејќи дека се работи за камен во бубрег, па веднаш отишла на лекар, а и рекле дека е во 34-та недела од бременоста. Веднаш се јавила нејзината сопруга.
– Еј, нема да веруваш во ова. Бремена сум. Не само што сум бремена, туку сум бремена во 34 недела – му кажала Ники на сопругот по телефон. Тогаш и била дијагностицирана прееклампсија, па лекарите сакале веднаш да роди бебе. Таа на крајот добила син со царски рез десет часа по пристигнувањето во болница.
Ова бебе е чудо за кое не знаевме дека постои. Дознавме дека чекаме бебе и се породив со разлика од околу десет часа. Ова е нереално – рекла пресреќната новопечена мама.