Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња Роналдињо во 2020 година мина пет месеци во затвор во Парагвај. Бразилецот го затворија со брат му, затоа што сакал да влезе во земјата со фалсификуван пасош.
Рече дека времето минато во затвор нема никогаш да го заборави, затоа што не можел да поверува што го дочекало.
„Кога влегов внатре мислев дека ќе ме претепаат и дека ќе ми ги прават сите оние грозни работи кои ги прават во затвор. Но, наместо тоа затворениците одма ги викнаа чуварите да им побараат топка за да им покажам трикови и ги забавувам. Веќе наредното утро игравме пет на пет против нив“, рече Роналдињо кој важеше за еден од најдобрите фудбалери во светот.
Неговата екипа секогаш победуваше. Незапирлив бил на теренот, а имало и награда. На еден од турнирите на крајот освоил печено прасе.
Инаку, Роналдињо голем дел од кариерата ја мина во Барселона, а играше и за Пари Сен Жермен и Милан.