Промената на голот на Арената „Тодор Проески“, бидејќи беше пет сантиметри понизок од предвиденото е занимливост од третото коло на Лига Европа, но и тема која и натаму се коментира.
Менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо на социјалните мрежи објави фотографија од случката во нашиот главен град.
„Мислев дека сум пораснал, но потоа сфатив дека голот е понизок за пет сантиметри“, напиша Португалецот на својот Инстаграм профил.
„Голманите ми рекоа дека едниот од головите е помал и навистина беше така. Го известивме делегатот и по мерењето на официјалните лица од УЕФА беше утврдено дека е пократок за околу десет сантиметри. Баравме да се промени и да се донесе гол со точна димензија, што и се случи“, објасни Мурињо на прес-конференцијата по натпреварот.
Инаку, Тотенхем со триумф од 1-3 над Шкендија се пласираше во плеј-офот од Лига Европа.