Јелена Ѓоковиќ првпат искрено проговори за проблемите во бракот со Новак Ѓоковиќ и на кој начин се обидува да направи баланс.
-Мислев дека не добивам доволно признание што го заслужувам, дека мојата работа не се гледа, бидејќи сè се одвива во позадина. Сè што правев беше невидливо. Жените немаат простор да зборуваат, да се покажуваат и постои стереотип за жените на спортисти, како треба да изгледаат и да постапуваат. Порано ме болеше што ме препознаваа само како негова сопруга, сега тоа го носам со гордост, – изјавила Јелена Ѓоковиќ во големото интервју за новиот број на српското списание „Стори“.
Таа зборува за нејзините стравови и фрустрации и за животот со Новак Ѓоковиќ.
-Секоја пречка со која се соочуваме нè зајакнува. Ние сме страствени, поради што доаѓа до разлики во мислењата. Јас во моментов сум посветена на мајчинството и го забавувам темпото, додека тој не сака да биде активен. Тој сака да патува, да прави сé и јас тогаш го предупредувам дека имаме две деца и дека мора да се прилагодиме на нив, – изјавила Јелена и додала
– Не сакам да права работи затоа што мислам дека морам да ги правам и да немам избор. Сега знам дека имам избор. Работам на своето тело бидејќи сакам да имам енергија за да живеам со насмевка и со смисла. Од Новак научив дека е сјајен и дека води сметка за себе. Некогаш мислев дека тоа е себично, а сега сфаќам дека не е, дека сите треба тоа да го правиме. Уште учам као да водам сметка за себе. Тек кога ќе се погрижиме за себе тогаш имаме што да им понудиме на другите,- рекла Јелена која по факултетот во Италија завршила мастер и докторирала за економист во Монако.
Јелена додала дека долго време била фокусирана на Новак и неговите потреби, па затоа била фрустрирана бидејќи нејзините потреби не дошле на ред. Но, кога го добиле синот Стефан, сè се променило.
– Бев анксиозна, тоа ме уништи мене, мојата слика за себе. Мислев дека сум супер жена, дека можам да одговорам на сите потреби на мојот сопруг и деца, а потоа морав да се соочам со моите стравови. И имам среќа што тоа се случи затоа што се разбудив и сфатив дека морам да се посветам себеси.